Alven gel 30.000IU/100gr

150 ден

Хепаринот, кој е главна супстанција во препаратот, се наоѓа и во човечкиот организам и манифестира антикоагулантно и антитромботично дејство. Понатаму, дејствува антагонистички на некои ендогени трансмитери (хистамин, серотонин, ацетилхолин), од каде што произлегува и неговото антиинфламаторно, антиедематозно, умерено спазмолитично и антиалергиско дејство. Комбинацијата со декспантенол и алантоин овозможува поголема апсорпција на хепаринот.

Нема на залиха

Alven gel 30.000IU/100gr

СОСТАВ

1g гел содржи 300 I.E хепарин натриум, 3 mg алантоин, 4 mg декспантенол (30.000IU/100G)

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

гел

ДЕЈСТВО

Алвен гел – Хепаринот, кој е главна супстанција во препаратот, се наоѓа и во човечкиот организам и манифестира антикоагулантно и антитромботично дејство. Понатаму, дејствува антагонистички на некои ендогени трансмитери (хистамин, серотонин, ацетилхолин), од каде што произлегува и неговото антиинфламаторно, антиедематозно, умерено спазмолитично и антиалергиско дејство. Комбинацијата со декспантенол и алантоин овозможува поголема апсорпција на хепаринот.

 

ИНДИКАЦИИ

  • Профилактика и терапија на нарушувања од венско потекло, како што се: површински тромбофлебитис и флеботромбоза (воспаление на вените), флебитис по паравенски аплицирана инјекција, посттромботичен синдром, проширени вени,улкус на потколеницата (ulcus cruris), тапа болка во потколеницата, едем како резултат на венска инсуфициенција.
  • Терапија на оток или на хематом по случајни или по спортски трауми, како што се: контузија, дисторзија, луксација или фрактура на коска.
  • Забрзување на заздравувањето на постоперативните рани и терапија на лузни.
  • Терапија на тендовагинитис, бурзитис, епикондилитис.

Досега немате прегледано ниту еден производ.