CANABIGAL Маст за усни 50mg CBD
CANABIGAL (Канабигал) маст за усни е наменета за нега на суви и испукани усни, како резултат на студено време, сув воздух, изложеност на сонце и други штетни надворешни влијанија. Благодарение на активните состојки, CANABIGAL маст за усни обезбедува хидратација, заштита и нега на чувствителната кожа на усните.
CANABIGAL маст за усни претставува комбинација од:
- CBD,
- екстракт од прополис,
- кокосово масло,
- рицинусово масло,
- бадемово масло
- витамин Е.
Екстрактот од прополис е познат по своето антивирално, антисептично и противвоспалително дејство.
Маслата од кокос, бадем и рицинус го навлажнуваат и негуваат епидермисот и подлабоките слоеви на кожата.
Витаминот Е ја измазнува и омекнува кожата и ги штити усните од штетното влијание на околината.
50mg CBD/5ml
CBD (канабидиол) е едно од 104‐те хемиски соединенија познати како канабиноиди кои се наоѓаат во растението канабис (Cannabis Sativa L.).
За разлика од THC (главниот психоактивен канабиноид пронајден во канабисот), CBD не е психоактивен. Оваа предност го прави CBD како подостапен и повеќе баран од страна на потрошувачите. Тоа е така особено затоа што на природен начин делува позитивно во надминувањето на болката, на различни делови од телото.
Канабигал потекнува од индустриски сертифициран коноп, органски одгледуван и од проверено потекло, со цел да се обезбеди квалитетен и медицински богат CBD производ.





