NOW Hawaiian Spirulina 500 mg, 400 таблети

3,420 ден

Спирулина е модро-зелена микроалга која се консумирала уште од времето на древните Ацтеки. Таа содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки.

Нема на залиха

  • 65% лесно сварлив протеин
  • 23 пати повеќе железо од спањаќот
  • 25 пати повеќе бета-каротен од морковот
  • 5 пати повеќе калциум од млекото
  • енергија за сите возрасти

Спирулина е модро-зелена микроалга која се консумирала уште од времето на древните Ацтеки. Таа содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Тие се во својата изворна форма, без додатоци. Идеална за сите оние кои сакаат целосен прехранбен додаток наместо вештачки извори на храна.

ЗОШТО ЛУЃЕТО ЈА УПОТРЕБУВААТ HAWAIIAN SPIRULINA И ЈА НАРЕКУВААТ СУПЕР ХРАНА?

  • Најдобар природен извор на биолошко железо (65 пати повеќе од спањаќот) и селен
  • 35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот
  • 3 пати повеќе витамин Е отколку во пченичните ‘ркулци
  • 65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални амино киселини во совршена рамнотежа (2 пати повеќе протеини од сојата и 3 пати од рибата)
  • Витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 (тиамин) и Б-3 (ниацин)
  • Најбогат извор на Гама линоленска киселина во природен облик, која ја нема во традиционалната исхрана (ја има уште само во мајчиното млеко)
  • 10 пати повеќе калциум од млекото
  • Единствен извор на антиоксидантот фикоцианин
  • Содржи повеќе ензими во однос на други слични производи, особено Супер оксид дисмутаза
  • 95% искористеност на хранливите состојки
  • Без маснотии

ЧИСТА ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА КОРИСНА ЗА СЕКОГО

Консумирањето Hawaiian Spirulina се препорачува за сите возрасти. Hawaiian Spirulina е најиспитуван производ – 35 години меѓународни научни истражувања

ЗОШТО ДА ЈА КОРИСТИТЕ SPIRULINA PACIFICA ОД NUTREX?

Hawaiian Spirulina е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Единствено Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење, кој комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен производ.

Хавајски квалитет – Вие и самите ќе ја почувствувате разликата!

Што е Спирулина?

Спирулината е вид на модро-зелена алга (едно-клеточно растение); така е наречена поради нејзината спирална форма. Алгите се неверојатно стари форми на живот, одговорни за создавањето и одржувањето на кислородната атмосфера. Тие се основа на ланецот на исхрана и примарен извор на храна за големите китови. Спирулината не е водно-солена алга; таа расте во свежи води.

Модро-зелените алги се разновидна група на микроскопски растенија ретко користени за човечка исхрана. Исклучок е Спирулината, која стана широко достапна како додаток во исхраната последните 20 години. Таа е храна со ретки уникатни фитонутриенти и карактеристики. Спирулината наоѓа примена во здравата исхрана. Дивата Спирулина платенсис расте во сончево топловодни вулкански езера со натриум карбонат низ целиот свет. Оваа алга успева во води кои содржат високи количества на натриум карбонат со pH вредност над 10. Каде што има дива Спирулина таму често има јата од фламинга и други животни кои што се хранат со неа. Спирулината има карактеристична спирална структура со влакненца на клетките кои се долги околу 10 микрони во дијаметар и повеќе од 1000 микрони во должина.

Спирулината е најкомерцијално култивирана модро-зелена алга за употреба како храна од дамнешно време. Шпанците ги набљудувале Ацтеките како ја употребуваат во нивната исхрана. Домородските народи околу езерото Чад во Африка се уште ја јадат “dihe”, како што тие ја нарекуваат. Таа за прв пат комерцијално е продавана како храна во раните осумдесети и оттогаш таа стана популарна како здрава храна за енергија. Спирулината денес се користи како храна во повеќе од 75 земји низ целиот свет.

Спирулината како храна

Спирулината едноставно е неверојатен извор на храна, која што е консумирана најразлично низ историјата од многу човечки култури. Практиката на сегашното ниво на производство на храна и деградацијата на околината, ја прави идеална за одгледување.

Hawaiian Spirulina е концентрирана храна

Hawaiian Spirulina дава 20 пати повеќе протеини по една акра отколку сојата! Таа се состои од 70% протеин (споредено со 22% кај говедското месо), 5% масти (добри масти) и нема холестерол (таа е растение). Hawaiian Spirulina содржи големо количество на витамини од Б групата (особено Б12, кој е неопходен во исхраната на вегетеријанците). Оваа чудесна храна содржи 8 есенцијални амино киселини (плус 10 од 12 не-есенцијални амино киселини), масни киселини (вклучувајќи ја ГЛК), дигестивни ензими и и пигментите хлорофил, порфирин и фикоцианин. Најдобро од се е што само 10 грама Hawaiian Spirulina има само 36 калории, со што ја прави ниско калорична храна. Hawaiian Spirulina содржи природна комбинација на минерали: калиум, калциум, магнезиум, цинк, селен, фосфор и железо.

Дали Hawaiian Spirulina е навистина 100% сигурна?

После долготрајно човечко и животинско консумирање и континуирано интензивно истражување, ја потврдуваат не само сигурноста на Hawaiian Spirulina, туку и нејзините полезности. Има долга историја на истражувања од страна на многу престижни научни институции дека е сигурна и хранлива.

Организацијата на ОН за индустриски развој (UNIDO) изврши петгодишна токсиколошка студија за Hawaiian Spirulina и дојде до резултати дека е сигурна, нетоксична храна, и посебна студија “ја препорача како можно решение за светската криза за храна и глобалниот недостиг на протеини”.

Универзитетот во Харвард направи истражување со екстракт од Hawaiian Spirulina со извонредни резултати. NASA има направено обемни истражувања за употребата на алгите како храна за вселенските патувања, и ја избра Hawaiian Spirulina меѓу 1 300 вида на модро-зелени алги со кои го започна истражувањето.

Сигурната употреба, нутритивната моќ и здравствените полезности на употребата на Hawaiian Spirulina се историски. Земањето Hawaiian Spirulina како храна, навистина може да го промени Вашиот живот.

Hawaiian Spirulina е интензивно испитувана од молекуларните биолози на Универзитетот во Хаваи. Hawaiian Spirulina е високо апсорбирачки извор на протеини, мешани каротеноиди и други фитонутриенти, Б-витамини, ГЛК и есенцијални амино киселини.

Досега немате прегледано ниту еден производ.