HealthAid Aquaflow
Водата е најважната материја во вашето тело. Таа учествува во секоја функција на телото и претставува 70-75% од вкупната тежина на телото. Водата помага при одржувањето на телесната температура и метаболизам на мастите.
Ја помага дигестијата, ги пренесува хранливи материи и ги исфрла токсините од телото. Нормално е да има промена на содржината на вода во телото за 1.5 до 2.5 кг дневно, но доколку има задршка на повеќе течности, вишокот треба да се елиминира.
Задржаната вода (отоци или едеми) е абнормално насобрана течност или вишок течност во ткивата на телото. Преголемото количество на течност често пати доведува до чувство на надуеност. Задржувањето на вода најчесто се забележува прво со отекување на екстремитетите. Се случува кога нормалниот баланс на внесот на течности и нивното исфрлање е нарушен.
Отоците не се болест сами по себе. Тоа е повеќе клинички знак дека постои скриен здравствен проблем. Особено е предизвикана од состојби кои го нарушуваат циркулаторниот систем, како хипотиреоидизам, висок или низок крвен притисок, проблеми со срцето и бубрезите, како и болести на вените и артериите.
Сепак, едемот може да се појави и кај лица со добра физичка и здравствена состојба, во одредени ситуации, како на пример: високи температури, неподвижност, исхрана богата со сол, бременост или менструација. Поради ова, задржувањето на вода е почесто кај жените отколку кај мажите.
Со HealthAid Aquaflow може на природен начин да се заштитите од задржувањето на вода со употреба на природни компоненти како што се:
- Смреката, познато растение користено традиционално како диуретик, кое го стимулира протокот и создавањето на урина.
- Магдоносот ја забрзува диурезата.
- Брусницата е одличен уроантисептик, благ диуретик и антиинфламатор.
- Калиумот е важен во балансот на електролитите.
Состав во две таблети: Vitamin B6 40mg, Potassium 300mg, Citrus Bioflavonoids 100mg, Cranberry Extract PE 400mg, Juniper (Berry) PE 400mg, Parsley (Leaf) PE 400mg.
Дозирање и начин на употреба:
- Возрасни и деца над 16 години, една таблета дневно, најдобро наутро.
- Не ја надминувајте препорачаната дневна доза освен ако за тоа не ве советувало соодветно квалификувано лице.







