HealthAid Koregin 3000
Женшен е најпознатата билка на Далечниот Исток, што се користи од страна на луѓе во целиот свет за одржување на силата и виталноста. Панекс женшен екстракт од билката се одгледува во подножјата на корејските планини.
Корејски женшен (исто така познат како азиски, кинески или панекс женшен) се користи во кинеската медицина веќе илјадници години со цел да се зголеми долговечноста и квалитетот на животот. Тоа е најстарата, најдобро истражувана и најшироко достапна форма на билката; другите две се американски женшен (Panax quinquefolius), и сибирски женшен (Eleutherococcus senticosus).
Корејскиот женшен повеќе ја стимулира и зголемува “јанг” (машката) енергија, додека американскиот и сибирскиот женшен ја зголемуваат “јин” енергијата.
Состав: Korean Ginseng 5:1 Extract (standardised to 8% Ginsenosides) [Equivalent to 3000mg of Ginseng root powder).
Внимание: Ве молиме побарајте професионален совет пред да го земете овој додаток, ако користите некаква терапија или имате висок крвен притисок.
Не содржат квасец, глутен, пченица, соја, млечни производи, вештачки бои и ароми
Додатоци во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот.
Дозирање и начин на употреба:
- Возрасни и деца над 12 години по една капсула дневно.
- Препорачливо е да се земе 20 минути пред појадок, бидејќи тогаш има најстимулирачки ефект.
- Не ја пречекорувајте препорачаната дневна доза освен ако поинаку не ве советувало соодветно квалификувано лице.







