Paracetamol Alkaloid таблети

22 ден

Парацетамол Алкалоид се користи за брзо ослободување од болки од различно потекло: главоболка (која вклучува мигрена и тензиона главоболка), забоболка, болки во грбот, мускулни болки, болки во зглобовите и менструални болки.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Paracetamol Alkaloid таблети

СОСТАВ

Paracetamol 500 mg

Фармацевтска форма

Таблета

Дејство

Парацетамолот дејствува преку инхибиција на синтезата на простагландини во централниот нервен систем (ЦНС) и во помала мера преку периферна активност, блокирајќи го преносот на импулсите за болка. Парацетамолот дејствува антипиретично преку активност врз центарот за топлина во хипоталамусот, предизвикувајќи ширење на крвните садови и зголемен проток на крв во кожата, зголемено потење, а со тоа и губење топлина.

Индикации

Парацетамол Алкалоид се користи за брзо ослободување од болки од различно потекло:

  • главоболка (која вклучува мигрена и тензиона главоболка),
  • забоболка,
  • болки во грбот,
  • мускулни болки,
  • болки во зглобовите
  • менструални болки.
  • помага и при болки во грлото,
  • ја намалува високата температура
  • ги олеснува тегобите при настинка и при грип.

Пакување

Paracetamol Alkaloid таблети – 10 таблети

Неодамна прегледани производи Види сите >