Thermo Gel & Cryo Gel

1,990 ден

Уникатен дуален систем наменет за намалување на целулитот и масните наслаги под кожата

Купете го овој производ и спечалете 67 Поени
За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Thermo Gel & Cryo Gel/ Термо гел и Крио гел

THERMO + CRYO GEL е уникатен дуален систем наменет за намалување на целулитот и масните наслаги под кожата. Двата произвада имаат комплементарно и синергистичко дејство за растварање на мастите и целулитот и измазнување, затегнување и тонирање на кожата.

THERMO GELот е антицелулитен гел со екстракт од црвено чили, кој дава силен термоген ефект на загревање на ткивото, стимулирање на лимфниот проток и дренажа, согорување на мастите и зајакнување на сврзното ткиво во и под кожата. CRYO GEL-от е иновативна формула со ефект на интензивно ладење која ја стимулира циркулацијата на крвта, ги елиминира и го спречува таложењето на мастите и дава моментален лифтинг ефект.

Употребата на Термо и Крио гелот овозможува:

– подобрување на периферната циркулација и термогено дејство за разбивање на целулитот

– дренирање на вишокот задржана вода под кожата и намалување на количината на подкожни масти и намалување на обемот на телото

– затегнување, измазнување и подобрување на еластичноста на кожата

Начин на употреба: Нанесете THERMO GEL на целните области на кожата на телото со нежно масирање додека да се впие, а потоа продолжете и на истите области на кожата нанесете и CRYO GEL. За најдобар ефект се препорачува, по нанесување на двата гела да се облече специјално NATELLA одело/хеланки. Оставете геловите да делуваат од 20 до 40мин. За целосен ефект додека делуваат двата гела се препорачува и примена на физичка активност.