CANABIGAL Гел за лице 150mg CBD
CANABIGAL (Канабигал) гел за лице е наменет за интензивен третман и ефикасна регенерација и подмлaдување на кожата. CANABIGAL гел за лице ја штити кожата на лицето, ја задржува нејзината влажност, ги измазнува брчките и ги зацврстува контурите на лицето. Хранливите материи во CANABIGAL гел за лице помагаат при обновување на кожата, го спречуваат нејзиното прекумерно сушење и ја штитат од појава на темни дамки.
CANABIGAL гел за лице претставува високо концентрирана формулација која содржи комбинација на:
- CBD со хијалуронска киселина,
- масло од морков,
- пантенол
- Витамини Ц и Е
Хијалуронската киселина видливо ги пополнува брчките и спречува формирање на нови при што кожата добива свеж и блескав изглед.
Маслото од морков ја хидратира, храни и штити кожата од штетните сончеви зраци и ја смирува после долготрајно изложување на сонце.
Пантенолот го намалува црвенилото и делува противвоспалително.
Витаминот Ц е моќен антиоксиданс и допринесува за изедначување на тенот на кожата.
Витаминот Е ја штити кожата од штетното влијание на околината.
150mg CBD/30ml
CBD (канабидиол) е едно од 104‐те хемиски соединенија познати како канабиноиди кои се наоѓаат во растението канабис (Cannabis Sativa L.).
За разлика од THC (главниот психоактивен канабиноид пронајден во канабисот), CBD не е психоактивен. Оваа предност го прави CBD како подостапен и повеќе баран од страна на потрошувачите. Тоа е така особено затоа што на природен начин делува позитивно во надминувањето на болката, на различни делови од телото.
Канабигал потекнува од индустриски сертифициран коноп, органски одгледуван и од проверено потекло, со цел да се обезбеди квалитетен и медицински богат CBD производ.






